понеделник, 21 октомври 2024

ЕВН не може да влезе во Слупчане, жителите бараат да им се простат долговите

Објавено на

часот

Сподели

„Екипите на ‘Електродистрибуција’ се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Сѐ додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување дефекти или, пак, да реализираат редовни работни активности во тој регион“, велат од ЕВН. 

Од таму на почетокот на месецов информираа дека дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време, по добиените гаранции од страна на министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на Липково, Еркан Арифи се договорил со жителите да не ги спречуваат екипите на електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување  нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија.

„Електрична енергија треба да се плаќа секаде и плаќа секој, тоа мора да го спроведеме и во Арачиново и во Липково“, рече тогаш министерот за економија Крешник Бектеши кој потсети дека врз основа на Законот за енергетика и надлежното министерство е вклучено во запирање на кражбите на струја.

                                                                                                              Архивска фотографија 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ