сабота, 27 јули 2024

Евидентирани неколку случаи на закани со пиштоли и со остри предмети во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Според полицискиот Билтен, вчера во 18 часот, К.К., на возраст од 40 години, пријавил дека околу 16 часот на паркинг простор на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, по претходна расправија, едно лице му се заканувало со пиштол. Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор со едно лице.

Во 15 часот во СВР Скопје, Е.С., на возраст од 73 години, од Скопје пријавил дека на 28 април на подрачје на Бит Пазар бил физички нападнат од Д.Н., кој му се заканил и со остар предмет.

Во 12.20 часот вчера, В.Т., на возраст од 39 години, од Скопје пријавила дека на 3 мај околу 07.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице со остар предмет и се заканувало на неа и на уште едно лице, се наведува во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ