сабота, 27 јули 2024

Евгениј Пригожин: Борците на Вагнер се повлекуваат од Бахмут на 10 мај

Објавено на

часот

Сподели

„Во име на борците на Вагнер, во име на командата на Вагнер, изјавувам дека на 10 мај 2023 година обврзани сме да ги пренесеме позициите во населбата Бахмут на единиците на Министерството за одбрана и да ги повлечеме остатоците од Вагнер во логистички кампови, каде што ќе си ги лижеме раните“, се вели во соопштението на Пригожин.

„Ги повлекувам единиците на Вангер од Бахмут затоа што се осудени на бесмислено исчезнување поради недостиг на муниција“, рече Пригожин.

Ројтерс потсетува дека од минатото лето формацијата Вагнер ги предводи обидите на руската војска да го заземе Бахмут, градот кој е сцена на најдолгите и, како што се наведува, најкрвавите битки во војната во Украина.

Неговата последна изјава доаѓа по видеото полно со вулгарности објавено утринава во кое Пригожин, опкружен со десетици тела за кои вели дека се борци на Вагнер, вика и пцуе кон министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

„Имаме 70 проценти помалку муниција. Шојгу! Герасимов! Каде е муницијата?“ вика тој во камерата. „Одговорните ќе одат по ѓаволите“, викаше Пригожин, пред да каже дека загубите на Вагнер ќе беа пет пати помали доколку тој беше соодветно снабден.

Тој рече дека тие се виновни за загубите на Вагнер бидејќи им недостигала муниција. „Ова се Вагнеровите момци кои починаа денес. Крвта е сѐ уште свежа“, вели Пригожин покажувајќи кон телата околу себе. „Тие дојдоа овде како волонтери и умираат за вие да се дебелеете во вашите канцеларии“.

Пригожин, чија група Вагнер го предводеше повеќемесечниот напад на Русија врз источниот украински град Бахмут, почна јавно да се расправа со командантите на одбраната минатата година, обвинувајќи ги за неспособност и намерно задржување на муниција поради лични непријателства кон него.

Во последниве недели, Пригожин се воздржуваше од јавни напади на Шојгу, но продолжи да сугерира дека намерното ускратување на муницијата ги зголеми загубите на Вагнер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ