петок, 18 октомври 2024

Евгениј Поп Ацев не успеа да го преплива Ла Манш: Студената вода го победи моето тело! (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Евгениј Поп Ацев не успеа да ја преплива студената вода меѓу Франција и Велика Британија во каналот Ла Манш. Тој веќе некое време се мачи со здравјето и не може да ја врати формата, па можеби во своето излагање на социјалните мрежи наговести и повлекување од пливањето.

„Денес пробав да го испливам каналот Ла Манш и не успеав. Иако последниве години имав проблеми со пливањето и со здравјето, сепак се надевав дека ќе соберам сила и ќе можам. Имав голема желба и сила и добро пливав, но студената вода ме победи т.е. го победи моето тело кое отсекогаш лошо се справувало со ладна вода. Иако разочарувањето е големо и ќе ми треба подолг период да го пребродам овој неуспех сепак сум среќен што пробав и собрав уште едно искуство (макар и лошо) и што ќе можам дома да се вратам жив и здрав. Многу сум благодарен на жена ми Алана, на капетанот и тимот на бродот за големата помош и за  брзата и правилна реакција за да не се случи нешто пострашно. Исто така огромна благодарност до мојата фамилија, блиските и цела Македонија кои отсекогаш ме поддржувале и храбреле особено во вакви тешки моменти.
Тешки две години беа ова за мене што се однесува на пливањето и мислам дека ова е најтешкиот момент, но и можеби најсилен знак. Премногу го сакам овој спорт и тешко ми е да се отргнам од него, па некако ги игнорирав сите знаци и совети и повеќе го слушав срцето, наместо телото и разумот да продолжам. Имам толку убави спомени, успеси, емоции, искуства и познанства, и тоа се додека ја претставував својата земја на светско  ниво. Тоа е најголема чест и задоволство за еден човек и е најголемата убавина на спортот. За тоа ќе сум вечно среќен и задоволен што ја имам доживеано таа убавина без разлика што ќе донесе следниот ден“,
напиша Евгениј Поп Ацев.

Досега само четворица Македонци го препливале Ла Манш, Нико Нестор во 1959 година, Атина Бојаџи десет години подоцна, Томи Стефановски во 2009 година и Игор Димовски една година подоцна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ