Евертон со гол на Докуре на домашен терен го совлада Борнмут со 1-0, три бода кои им беа доволни за да изборат опстанок.
Пирова беше победата на Лестер над Вест Хем од 2-1, тие чекаа Евертон да не победи, но не го дочекаа тоа.
Лидс беше торпедиран на домашен терен од Тотнем, Спарс победија со 4-1, поранешниот тим на Алиоски се враќа во Чемпионшип.
Најубедлив денеска беше Арсенал кој го победи Вулвс со 5-0, два од головите ги постигна Џака за кого ова беше последен меч во тимот од Северен Лондон.
Најмногу голови, дури осум имаше на дуелот меѓу Саутемптон и Ливерпул кој заврши нерешено 4-4.
Манчестер Сити загуби на гостувањето кај Брентфорд со 1-0, Челси и Њукасл одиграа нерешено 1-1. Со ист резултат заврши и мечот меѓу Кристал Палас и Нотингем Форест.
Манчестер јунајтед со 2-1 го совлада Фулам, Де Хеа му одбрани пенал на Александар Митровиќ. Астон Вила со 2-1 го победи Брајтон.
Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл ќе играат во Лигата на шампионите, Ливерпул и Брајтон во Лига Европа, Астон Вила во Конференциската лига.
Во Европа место може да има и за Вест Хем доколку го совладаат тимот на Фиорентина во финалето од Конференциската лига, со еден таков успех би се пласирале во Лига Европа.
Лестер, Лидс и Саутемптон испаднаа од Премиерлигата.