сабота, 27 јули 2024

Евертон избори опстанок откако со голем пресврт го победи Кристал Палас (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Евертон сепак успеа да опстане во Премиерлигата иако по првото полувреме работите се одвиваа многу лошо за нив, па фановите стравуваа од најлошото со оглед на тоа дека во последното коло му гостуваат на Арсенал.
 
Во 21. минута Матета постигна гол за водство на Кристал Палас од 1-0, а Ајев во 36. минута зголеми на 2-0 за гостите.
 
По девет минути игра во второто полувреме Кин намали на 2-1 и го врати Евертон во живот, а во 75. минута Ришарлисон изедначи на 2-2.
 
На пет минути до крајот на мечот Калверт Луин даде гол за комплетен пресврт, победа на Евертон од 3-2 и опстанок во Премиерлигата.
 
 
За опстанок во последното коло ќе се борат Лидс и Барнли.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ