Новите сопственици на Евертон го отпуштија досегашниот тренер Шон Дајч, сакаат подобри резултати.
„Фудбалскиот клуб Евертон може да потврди дека Шон Дајч беше ослободен од клупските обврски како тренер на првиот тим. Заедно со него заминуваат и асистентите“, напишаа од Евертон.
Привремено тимот ќе го водат легендите Лејтон Бејнс кој е тренер на младинскиот тим, како и капитенот Шејмус Колман.