петок, 18 октомври 2024

Еуроњуз: Во Македонија само 47% од граѓаните се задоволни од јавниот превоз

Македонија е меѓу последните земји на листата на задоволство од јавниот транспорт низ европските градови. Италија и Албанија се полоши од нас каде довербата во јавниот превоз е 29% со искулучок на Рим каде задоволството на жителите е околу 50%.

 

Објавено на

часот

Сподели

Одењето од точка А до точка Б можеби не е исто искуство низ цела Европа. Јавниот превоз има големо влијание врз целокупното задоволство на жителите од градот во кој живеат, се вели во истражувањето на Еуроњуз.

Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот на Европската комисија. Сепак, постои огромен јаз во нивото на задоволство од јавниот транспорт низ европските градови.

Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од јужна и источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.

Во Црна Гора тој процент е 37%, во Србија и Кипар 44% се задоволни граѓаните, додека во Македонија задоволство од јавниот превоз искажале 47% од граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ