сабота, 27 јули 2024

Еуроникел: Главниот снабдувач ги откажува нарачките или сака да го преземе комбинатот

Еуроникел индустри влегува во процес на одржување на производството. Платите на вработените се исплатени денеска, клучниот клиент предизвикува доцнење. „ArrowMetals & Trading”, главниот снабдувач на руда и фероникел клиент на Еуроникел ги одложи плаќањата, ги намали или целосно ги измени нарачките без претходна најава. Не ни е јасно дали тоа е затоа што „ArrowMetals” се наоѓа во тешка финансиска состојба или пак целта е да го купи Еуроникел за многу помала вредност, соопштува компанијата.

Објавено на

часот

Сподели

Соопштението на Еуроникел индустри, компанијата која е сопственик на комбинатот ФЕНИ во Кавадарци го пренесуваме во целост:

„Еуроникел индустри влегува во процес на одржување на производните капацитети. Ова следува како резултат на пазарното преструктуирање, промените и пазарните барања, при што е неопходно компанијата да спроведе финансиска консолидација со што би се обезбедило понатамошно работење и континуитет на работењето на компанијата.

Вработените редовно земаат плата, септемвриската плата е исплатена денеска, а состојбата со одржувањето на производството ќе биде проследена со прераспределба и ротација на вработените во различни погони. По внатрешното преструктуирање на производниот процес, кое се очекува да трае еден месец, намерата е стабилизирање на состојбата и отпочнување со редовна работа и план на производство според договорите и барањата.

Влегувањето во процес на одржување е првенствено резултат на дејствијата на трето лице. „ArrowMetals & Trading”, главниот снабдувач на руда и фероникел клиент на Еуроникел ги одложи плаќањата, ги намали или целосно ги измени нарачките без претходна најава и тоа во рок од неколку дена. Не ни е јасно дали тоа е затоа што „ArrowMetals” се наоѓа во тешка финансиска состојба или пак има за цел да му помогне на КАДМС што е во сопственост на Константинос Даскалакис, таткото на Андреас Даскалакис, очигледниот сопственик на Arrow, со цел да го купи Еуроникел за многу помала вредност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ