петок, 25 октомври 2024

Еуромакс рисорсис: Владата има обврска да одлучи за спојување на концесиите

По уште една правна разврска во полза на Еуромакс рисорсис, со што пресудата во целост ги отстранува евентуалните оспорување на правната важност на концесијата „Иловица 6“ и ова е трета финална пресуда во полза на компанијата од почетокот на правниот спор во 2019 година, велат од компанијата и потенцираат дека претходно, уште во 2020 година, управните судови донесоа финална пресуда врз база на истата правна аргументација. Единствената судска постапка која што е во тек, додаваат од Еуромакс рисорсис, и по која уште нема одлука, се однесува на „неоснованата одлука на Владата од 25 јули 2023 година со која ја повлече својата претходна одлука за одобрување на спојувањето на концесиите од 27 јуни 2023 година“.

Објавено на

часот

Сподели

Сите судски постапки иницирани од активностите на Владата во однос на концесијата „Иловица 6“ сега се решени во наша полза, Владата е должна да донесе одлука по нашето барање за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“, согласно последната пресуда на Вишиот управен суд донесена на 24 ноември 2023 година, велат од компанијата.

Вишиот управен суд, како што се наведува понатаму, донесе пресуда по тужбата на Еуромакс рисорсис по одлуката за одбивање од страна на Министерството за економија на барањето за дозвола за експлоатација за концесијата „Иловица 6“. Со оваа финална пресуда на Вишиот управен суд се уважува тужбата на компанијата и се поништува оспорената одлука на Министерството за економија, се нагласува во соопштението.

Во рамки на пресудата, Вишиот управен суд повторно, како и во 2020 година, нагласува дека не само што носењето одлука за барањето за спојување на концесиите за „Иловица 6“ и „Иловица 11“ претставува претходно правно прашање, туку исто така се наведува дека Владата е должна да донесе одлука за барањето за спојување на концесиите (барање од јануари 2016 година), се наведува понатаму.

д

„Сите наши правни административни процеси иницирани пред управните судови со кои беа оспорени владините одлуки во врска со концесијата ‘Иловица 6’ сега се разрешени во наша полза. Вишиот управен суд утврди дека Владата има обврска да донесе одлука за барањето за спојување на двете концесии, и исто така посочи дека Еуромакс ги има исполнето сите законски барања за тоа да биде позитивно одлучено. Ние веруваме дека сега Владата има целосен правен легитимитет за повторно да го стави одлучувањето по основ на барањето за спојување и при тоа повторно да одлучи во корист на Проектот“, вели претседателот на Одборот на директори и главен извршен директор на Еуромакс рисорсис лтд, Тим Морган – Вин.

„Дополнително сакаме уште да ја потсетиме јавноста, компанијата минатата недела испрати писмо до министерката за животна средина и просторно планирање, г-ѓата Каја Шукова обврзувајќи се дека при експлоатација на минералните суровини во идниот рударски комплекс Иловица – Штука, нема да се користи цијанид согласно Законот за минерални суровини; компанијата се заложува за технологија на ‘суво јаловиште’ при менаџирањето на отпадот од рудникот и се обврзува на изградба на нов водоводен систем за потребите на локалното население.

Доколку Владата го одобри барањето за спојување на двете концесии и се продолжи во исполнување на сите законски обврски, ние забрзано ќе го интезивираме развојот на Проектот Иловица-Штука, испорачувајќи моќни економски користи и истовремено дозволувајќи сенката од евентуална меѓународна арбитража целосно да исчезне“, вели Тим Морган – Вин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ