сабота, 27 јули 2024

Еуромакс рисорсис: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката на Управниот суд по која постапи Владата на Република Северна Македонија не е прва судска пресуда во корист на Еуромакс рисорсис. Имено, во март и ноември 2020, Управниот и Вишиот управен суд правосилно го поништија решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос која се однесуваше на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерални суровини. Искрено се надеваме дека нема да се повтори праксата од 2020 година, кога надлежните државни институции во пресрет на
тогашните локални избори одлучија да ја стават концесијата на Иловица – Штука во дневно–политичка агенда. Компанијата Еуромакс рисорсис останува доследна на принципот дека ќе ги исцрпи сите домашни правни механизми за да ја реализира инвестицијата со добра волја и чесни намери.
Сепак, доколку увидиме дека по прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната арбитража во Вашингтон, САД.

Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Северна Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати. Прецизирањето на правните околности и издавањето на соодветни дозволи за почеток на работа на рудникот Иловица – Штука ќе го отвори патот за реализација на директна странска инвестиција од 340 милиони евра и тоа само во првите две години на изградбата на рударскиот комплекс. Проектот ќе овозможи отворање на повеќе од 3.000 нови директни и индиректни работни места. Со отворањето на рудникот, согласно проектот, 24 милиони евра годишно ќе се
слеваат во државниот Буџет на име даноци, надоместоци и концесии, од кои околу 4 милиони директно на буџетските сметки на општините Босилово и Ново Село. Функционирањето на рудникот ќе придонесе и за повеќе приходи и нови вработувања во голем број на компании во регионот. Согласно проектот, предвидени се договори со локални компании во висина од околу 180 милиони евра само за време на изградбата на рудникот. Во следните години на годишно ниво се предвидува дека преку договори за набавки кон локални компании да бидат исплаќани
по 74 милиони евра“, соопшти Еуромакс рисорсис по денешните информации за одлуката на Управниот суд за спојување на концесијата за рудниците Иловица-Штука. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ