среда, 23 октомври 2024

Еуромакс: Одлуката за Иловица е арбитрарна и политичка, ќе пратиме сигнал до другите странски инвеститори

Објавено на

часот

Сподели

Согласно строгите правила за берзанско работење, Euromax Resources Ltd Ванкувер, има обврска ажурно да објавува суштински информации и одлуки до Берзата за хартии од вредност во Торонто „TSX“, Канада.

Во продолжение ја пренесуваме најновата формална објава доставена до „TSX“ денес 28 Јули 2023, пред отворање на Берзата:

Еуромакс објави дека е повлечено одобрувањето за спојување на концесиите

Euromax Resources Ltd, Ванкувер, Јули 28, 2023 година – (TSX: EOX): („Еуромакс“ или „Компанијата“) објави дека Владата на Република Северна Македонија („Владата“) донесе одлука со која го повлече претходно одобреното спојување на концесиите доделени на Компанијата, Иловица 6 и Иловица 11 („Спојувањето на концесиите“). Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето.

Компанијата ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за спојување на концесиите со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина, велат од Еуромакс.

„Земајќи ги во предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги преземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери. Иако непоколеблив приоритет за компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови, компанијата веќе има дадено формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи или е политички мотивиранa“, велат од Еуромакс.

Извршниот претседавач на бордот на директори, Тим Морган Вајн изјави дека компанијата разбира дека оваа одлука е чуствителна за сите засегнати страни, меѓутоа таа ќе мора да ги преземе сите неопходни правни мерки и сите други неопходни чекори сѐ со цел да ја заштити својата инвестиција и да ја заштити вредноста и интересот на секој акционер.

„И покрај тоа што со оваа одлука Владата си додели дополнително време да ги разгледа пошироките импликации, таквата арбитрарна политичка одлука која е надвор од позитивната правна рамка, ќе го активира алармот до меѓународни институции и инвеститори, што ќе резултира со сериозни сомнежи во врска со транспарентноста и правната сигурност во Република Северна Македонија“, изјави Вајн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ