„Еуромакс рисорсис ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за спојување на концесиите (во соодветно време) со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина.
Земајќи ги предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги преземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери, што покрај другите ги вклучува и Европската банка за обнова и развој (еден од водечките институционални инвеститори во Република Северна Македонија), Galena Resource Equities Ltd (компанија контролирана од Trafigura групацијата, која е една од водечките компании за тргување и логистика на метали и други стоки), ND Group (приватна финансиска и инвестициска групација од Холандија), Equinox Partners (хеџ фонд лоциран во Њу Јорк), како и Royal Gold (компанија од САД која инвестира во права и инструменти за инвестициско злато).
Иако приоритет за компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови компанијата веќе даде формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејства доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa“, се вели во компаниското соопштение.
Тим Морган (Tim Morgan-Wynne), извршен претседавач на Бордот на директори, изјави: „Компанијата разбира дека оваа одлука е чувствителна за сите засегнати страни, меѓутоа компанијата ќе мора да ги преземе сите неопходни правни мерки и сите други неопходни чекори се со цел да ја заштити својата инвестиција и да ја заштити вредноста и интересот на секој акционер. И покрај тоа што со оваа одлука Владата си додели дополнително време да ги разгледа пошироките импликации, таквата арбитрарна политичка одлука која е надвор од позитивната правна рамка, ќе го активира алармот до меѓународни институции и инвеститори, што ќе резултира со сериозни сомневања во врска со транспарентноста и правната сигурност во Република Северна Македонија“.