Еурофарм Пелистер по долга пауза повторно е дел од елитното европско натпреварување и сосема очекувано се најдe во третиот и последен шешир, заедно со Порто, Колштад, Целје и Загреб.
Според пропозициите, 16-те екипи кои ќе настапат во Лигата на шампиони ќе бидат поделени во две групи, а ќе важи правилото дека два тима од иста земја нема да можат да играат меѓу себе во првата фаза од ова натпреварување.
Ждрепката ќе биде одржана на 27. јуни во Виена, предвидено е новата сезона да стартува на 13/14 септември.
Дете првопласирани екипи од двете групи директно ќе се пласираат во четвртфиналето, додека составите кои ќе завршат на третото, четвртото, петтото и шестото место во групната фаза ќе обезбедат пласман во осминафиналето.
ШЕШИР 1: Барселона, Кил, Киелце, ПСЖ, ГОГ Гудме, Веспрем
ШЕШИР 2: Магдебург, Висла Плоцк, Монпелје, Алборг, Пик Сегед.
ШЕШИР 3: Порто, Колштад, Целје, Е. Пелистер, Загреб.