петок, 26 јули 2024
СЕХА лига

Еурофарм Пелистер го прегази Татран Прешов и е пред нов Ф4 во СЕХА

Објавено на

часот

Сподели

Со пеколен финиш, Еурфарм Пелистер го прегази Татран Прешов во Битола и направи значаен исчекор до нов Ф4 настап во СЕХА лига.

Избраниците на Александар Јовиќ го диктираа темпото, но имаа неколку падови во играта и му дозволуваа на противникот да фати резултатски приклучок.

Првиот посериозен пад беше во финишот на првото полувреме, кога Еурофарм Пелистер имаше водство од 17-10, но на пауза замина само со три позитива (20-17).

На средината од второто полувреме, домаќините повторно делуваа солидно на теренот и имаа водство од 28-23, но следеше ново опуштање и Татран Прешов стигна до само еден гол негатива (28-27).

Но во периодот од 48. минута до 58. минута Еурофарм Пелистер направи страшна серија од 8-1 за најголемите 36-28, во кои Ненад Костески даде три гола, а Себастијан Хенеберг и Каспер Кисум по два, а фантастичен на голот беше и Урбан Лесјак со пет интервенции во овој период за големата победа, недозволувајќи на Словаците да го ублажат големиот пораз.

Костески заврши со 10 гола од 12 обиди, Хенеберг додаде осум од исто толку обиди, а Кисум заврши со шест гола. Лесјак на голот собра 13 интервенции.

Влачеслав Касаткин даде девет гола, а Никола Ивановиќ додаде шест кај Татран, на чиј гол блескаше за да не дозволи и двоцифрен пораз Игор Чуприна со 14 интервенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ