сабота, 27 јули 2024

Еуримаж го поддржа „Човек против јато“ на Тамара Котевска

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е втор македонски проект кој е поддржан оваа година од Еуримаж, а е во режија на Тамара Котевска. Копродукцијата е помеѓу македонските продуценти Аполо Креатив Солушнс и Астерикс продукција и копродуцентите Филмоскопија од Србија, Зеинофилм од Турција и Нуклеус филм од Хрватска“, вели Ќурчинска Пепељугоска и додава дека куриозитет  е што беа пријавени 111 копродукциски проекти, бројка која не се памети во една иста сесија во историјата на Еуримаж.

 

„Во ваква конкуренција проектот „Човек против јато“ беше оценет одлично и рангиран на високо трето место на ранг листата во својата група. Коментарите за проектот беа скоро идентични, би цитирала неколку: …преубав проект кој остава силно чувство; навидум локална тема, но со исклучителен универзална димензија; режисерката точно дефинира што сака да постигне; јасно сценарио од почеток до крај…, Ќурчинска Пепељугоска. 

Таа нагласува дека во јунската сесија од вкупно пријавените 111 проекти, 33 добија финансиска поддршка од Еуримаж и дека до толку е позначајно што меѓу нив е и еден македонски проект.“

Македонија е членка на Еуримаж од 2003 година и во оваа јубилејна година два наши проекти веќе добија финансиска поддршка: „ДиЏеј Ахмет“ на  Георги Унковски на 168-та сесија и „Човек против јато“ на Тамара Котевска на 169-та сесија.

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж од своето основање во 1989 година до денес поддржал 2.409 копродукциски проекти со вкупен буџет од околу 700 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ