сабота, 27 јули 2024

ЕУ забрани уште четири руски медиуми поради наводно ширење пропаганда

Европската Унија забрани емитување на програмата на уште четири руски медиуми во Унијата поради, како што се тврди, ширење пропаганда за инвазијата на Украина и дезинформации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Забраната на емитувањето се воведува пред изборите за Европскиот парламент.

Најновата група медиуми чија работа е забранета се Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Расискаја газета, за кои ЕУ тврди дека се под контрола на Кремљ.

Во соопштението се тврди дека тие медиуми особено целат на европските политички партии, особено во изборните периоди.

Од почетокот на војната во февруари 2022 година, ЕУ веќе ги суспендираше, меѓу другите, руските новински агенции РТ и Спутник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ