Во врска со инцидентот за време на петнаесетминутната блокада на сообраќајот во спомен на загинатите на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, Делегацијата на ЕУ во Србија изјави дека очекува брза истрага.
„Многу сме загрижени поради денешниот инцидент против демонстрантите, очекуваме брза истрага и на повредената студентка и посакуваме целосно закрепнување. Правото на собирање е фундаментално право кое мора да се заштити кога се остварува мирно“, соопштија од Делегацијата на социјалната мрежа Икс.
Студентка која била удрена од автомобил и носена на неговиот покрив неколку десетици метри се здобила со тешки повреди. Возачот кој избегал полицијата брзо го уапсила, Вишото јавно обвинителство во Белград го товари за обид за тешко убиство.