сабота, 27 јули 2024

ЕУ воведува вербален деликт, луѓето кои јавно ќе го поддржат Хамас одат на црна листа

Нова регулатива на Европската Унија предвидува, освен поради финансиска поврзаност, на црна листа да бидат лицата кои јавно поттикнуваат и ги поддржуваат насилните акции на Хамас против Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шест лица се вклучени на европската листа на санкционирани поради финансиски врски со Хамас и Палестински исламски џихад (ПИЏ), но новата регулатива предвидува на црната листа да бидат и лица кои јавно поттикнуваат и ги поддржуваат насилните акции на Хамас, за што лесно може да се каже дека ја минува границата од забрана на говор на омраза кон вербален деликт.

Истовремено, ЕУ работи и на друг колосек, но многу поспоро: дебатира дали треба да се санкционираат, пред сè со забрана на патувања, односно со укинување на визите, екстремистичките Евреи, доселениците на Западниот брег.

Еден од шесте мажи кои пред неколку дена се ставени под санкции е Муса Дудин, Палестинец од Хеброн на Западниот брег, делот под израелска окупација. Тој од ЕУ е окарактеризиран како „висок оперативец и член на политичкото биро на Хамас“.

Брисел не го ставил на листата само поради финансирање на Хамас туку и затоа што „често давал јавни изјави во име на организацијата“. Хамас на ниво на ЕУ е терористичка организација, а за таква го сметаат и САД и посебно некои европски држави.

На ниво на ЕУ најновата одлука за лицата поврзани со Хамас прецизира што во иднина ќе биде неприфатливо. На листата на санкционирани според таа одредба може да се најдат лица кои „ги поткопуваат или се закануваат на стабилноста или безбедноста на Израел, во врска, во име или со поддршка на Хамас“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ