петок, 27 декември 2024

ЕУ воведува построги ограничувања на увозот на земјоделски производи од Украина

Државите членки на Европската Унија и Европскиот парламент се сложија денес да воведат построги ограничувања на увозот на земјоделски производи од Украина, но без ограничувања за пченицата, соопшти белгиското претседателство со ЕУ, пренесува Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ослободувањето од царините кое земјата во војна го користи од 2022 година ќе биде обновено на една година од јуни, но увозот на живина, јајца, шеќер, пченка, мед и овес ќе биде ограничен на просечните количества увезени меѓу средината на 2021 и крајот на 2023 година, над кои царините автоматски повторно ќе бидат наметнати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ