вторник, 21 мај 2024

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската Унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок конфликт на Блискиот Исток откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Самитот во Брисел е првиот состанок на 27-те лидери на ЕУ по нападот во саботата, кој се случи повеќе од шест месеци по избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, поддржана од Иран.

Израел посочи дека ќе возврати, но не кажа како.

Европските лидери го осудија иранскиот напад, ја потврдија својата посветеност на безбедноста на Израел и ги повикаа сите страни да спречат понатамошна ескалација на тензиите, вклучително и во Либан.

„Сметаме дека е многу важно да се направи сѐ за да се изолира Иран“, рече лидерот на самитот и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел, додавајќи дека новите санкции против Иран ќе се однесуваат на компаниите што се занимаваат со производство на дронови и ракети.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е важно Израел „да не одговори со огромен напад“. Исто така, во пресрет на состанокот на дипломатските шефови на Г7, Италија изрази позитивно мислење за санкциите против производителите на оружје поврзани со нападот врз Израел, како и оние што се одговорни за нападите на бродовите во Црвено Море.

Иран го почна својот напад како одговор на нападот на 1 април врз неговата амбасада во Дамаск, Сирија, за кој го обвини Израел. Тел Авив ја почна својата поширока воена офанзива во Газа по смртоносниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Европската Унија веќе воведе повеќекратни санкции против Иран поради кршење на човековите права, ширење на оружје за масовно уништување и поддршката на Техеран за руската војна во Украина.

Германија, Франција и неколку други членки на ЕУ го разгледуваат планот за продолжување на постојните санкции, чија цел е да се намали бројот на беспилотните летала што Иран ѝ ги испорачува на Русија, и да се однесуваат и на проектилите, како и на снабдувањето со оружје за проиранските групи на Блискиот Исток.

Аналитичарите велат дека Иран најверојатно нема да се соочи со посериозни економски санкции поради загриженоста дека цената на нафтата може да се зголеми и тоа да ја налути Кина, нејзиниот главен купец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ