понеделник, 21 октомври 2024

ЕУ: Списокот на „непожелни“ во Србија за искажување политички ставови е проблематичен

Европската унија смета дека е легитимно Србија да врши безбедносни проверки на границите, но тоа треба да се направи во согласност со српската правна рамка и во согласност со европските и меѓународните стандарди за човекови права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпарол на ЕУ во писмен одговор до Радио Слободна Европа (РСЕ) истакна дека тоа не треба да резултира со ограничување на слободата на поединецот, вклучително и на странските државјани.

„Секоја таква мерка наметната врз основа на изразување на политички ставови е проблематична и е предмет на строги ограничувања како што е наведено во членот 10 од Европската конвенција за човекови права“, се вели во одговорот на прес-службата на ЕУ.

Во десеттиот член од таа конвенција, на кој се повикуваат бриселските претставници, се нагласува дека секој има право на слобода на изразување и дека ова право ја вклучува слободата на мислење и примање, соопштување на информации и идеи без мешање на јавните власти и без разлика на границите.

Бриселскиот претставник потврди и дека во контекст на пристапните преговори на Србија со ЕУ, Европската комисија многу внимателно ги следи сите случувања во областа на владеењето на правото, вклучително и заштитата на основните права и слободи, кои се клучен елемент во процесот за пристапување на Србија во Европската унија.

Белградските власти потврдија дека во Србија постои список на „непожелни“ граѓани од соседните и други земји, кои не се соодветни за властите поради своите политички ставови.

Ова го потврди министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Признанието дојде откако хрватската пејачка Северина Вучковиќ на 26 август објави дека припадници на српската полиција ја задржале четири часа на граница и ја испрашувале за нејзините ставови за различни политички и историски теми, по што се откажала од доаѓањето во Србија.

Александар Вулин, вицепремиер и поранешен директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА), се пофали дека за време на неговото време како шеф на тајната служба, тој лично правел списоци на оние кои ги сметал за непогодни за влез во Србија.

Досега, на тој список се најдоа естрадни ѕвезди, актери, политичари и руски граѓани кои учествуваа во протести против воената политика на рускиот претседател Владимир Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ