недела, 19 мај 2024
Изјава на портпаролката на ЕК

EУ се надева дека по изборите Македонија ќе може да ги отвори преговорите

„Ние јасно ја поддржуваме перспективата за членство на Северна Македонија во ЕУ и се надеваме дека ќе бидеме во можност да го отвориме преговарачкиот процес што е можно поскоро“, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро во однос на очекувањата од утрешните претседателски и парламентарни избори. Таа нагласи дека ЕУ внимателно го следи процесот на изборите.

Објавено на

часот

Сподели

Таа додаде дека Европската Унија верува дека сите политички сили во Македонија ќе го поддржат напредокот на земјата на европскиот пат..

Писонеро нагласи дека Европскиот совет во своите заклучоци даде јасни индиции за неговите очекувања од земјата, потенцирајќи дека „Северна Македонија се обврза да го измени Уставот“.

Во заклучоците посветени на проширувањето од последните самити на ЕУ се посочува дека Европскиот совет е подготвен да ја свика следната Меѓувладина конференција без дополнителни одложувања и без дополнителна политичка одлука во најскоро време.

„Се надевам дека и Северна Македонија и Албанија ќе може да ги отворат преговорите по првиот кластер – основни права, што е можно поскоро. Одлуката за тоа кога ќе бидат свикани следните меѓувладини конференции сега е во рацете на земјите членки“, додаде Писонеро.

На прашање дали судскиот процес против албанскиот градоначалник припадник на грчкото малцинство во земјата, што е причина Грција да го блокира на стартот на преговорите на Албанија по кластери, ЕУ го смета за билатерален спор или за прашање поврзано со почитување на човековите права, Писонеро изјави дека Комисијата не коментира постапки кои се во тек, но смета дека билатералните прашања не би требало да бидат причина за блокирање на преговарачкиот процес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ