петок, 27 декември 2024

ЕУ пресуди: Украина не може да ја користи антируската воена навреда како заштитен знак

Украинските граничари не можат да ја означат антируската воена навреда „Руски воен броду, еб* се“, бидејќи тоа е политички слоган, одлучи во средата судот на ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

Извикот беше одговор на украинските бранители до рускиот воен брод од кој беа повикани да се предадат во првите денови од руската инвазија на Украина пред речиси три години, пишува Си-ен-ен.

Генералниот суд на Европската Унија рече дека фразата „брзо стана симбол на борбата на Украина против руската агресија“ и беше широко користена во политички контекст за да се промовира поддршката за Украина, се вели во соопштението на Судот на правдата на ЕУ.

Овие зборови беа последната позната радиокомуникација од украинските војници на Змискиот Остров, карпест остров во Црно Море. Наскоро тие станаа широко распространет симбол на украинскиот отпор.

Фразата се повторуваше на сè, од маици до поштенски марки и знаци.

Државната гранична стража на Украина планираше да ја користи како заштитен знак за продажба на широк спектар на стоки, како и за издавачки, едукативни, забавни и спортски услуги.

Судот оцени дека заштитниот знак нема да ја исполни својата суштинска функција; потрошувачите би согледале политичка порака наместо „индикација од комерцијално потекло“, се вели во соопштението за медиумите.

Украина повторно го зазеде малиот, но стратегиски важен остров во јуни 2022 година.

Украинските војници од островот беа заробени, но подоцна во јануари оваа година беа разменети за руски затвореници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ