петок, 26 јули 2024

ЕУ постигна привремен договор за суспензија на царините и квотите на извозот од Украина

Европската Унија постигна привремен договор за суспензија на увозните давачки и квоти на украинскиот извоз во ЕУ за уште една година, до 5 јуни 2025.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова обновување ја потврдува неколебливата политичка и економска поддршка на ЕУ на Украина, по две години од неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Русија, соопшти Советот на ЕУ. Заедно со опсежната воена, финансиска и хуманитарна поддршка од ЕУ, ова ќе ѝ помогне на Украина во нејзиното долгорочно опоравување, како и на нејзината постепена интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ, се наведува во соопштението.

Украинските произведувачи на храна според привремениот договор ќе имаат бесцарински пристап до пазарите на ЕУ до договорениот датум. Европскиот парламент и Советот сега треба формално да го одобрат привремениот договор.

Се очекува релевантната одлука на парламентот да биде усвоена во април, а потоа указот да го усвои Советот, и да ја потпишат претставниците на Советот и Европскиот парламент и да ја објават во службен весник, пред да стапи на сила на 6 јуни 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ