петок, 27 декември 2024

ЕУ планира да ја зајакне воената индустрија додека се зголемуваат заканите од Русија

Највисоките функционери на Европската Унија денеска ги претставија амбициозните планови за зајакнување на воената индустрија на блокот како одговор на заканата за европската безбедност од војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со децении ЕУ беше обвиена со заштитата на САД преку НАТО, а нејзините трошоци и подготвеност за одбрана и кризни ситуации опаднаа.

Во времето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, стана очигледно дека Брисел ги нема добрата координација и снабдувањето што се потребни доколку некогаш биде принуден да се брани без помошта на Вашингтон.

Сега, со сè посамоуверената Москва, сè повеќе се нагласува потребата за зајакнување на воената индустрија.

„По децениите недоволно инвестирање, треба да инвестираме повеќе во одбраната, но тоа треба да го правиме подобро и заедно. Силната, издржлива и конкурентна европска одбранбена индустрија е стратегиски императив“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Слабостите на европската воена индустрија, занемарени по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, се видоа и по руската инвазија на Украина. Европа не беше подготвена итно да му ја достави ветената неопходна и најелементарна муниција на Киев.

Сега, со можноста за враќање на Трамп во Белата куќа и падот на американската поддршка за Украина, ЕУ сфати дека мора да ја зајакне и воената индустрија и нејзината својата заштита.

„Нашите трошоци за одбрана одат на премногу различни системи за оружје, првенствено купени надвор од ЕУ“, рече потпретседателката на Европската комисија Маргрет Вестагер.

Имајќи предвид дека буџетите за одбрана во земјите на ЕУ се зголемуваат, „треба да инвестираме подобро, што во голема мера значи заеднички инвестиции и инвестиции во Европа“, рече таа.

Се предлага земјите-членки заеднички да купуваат најмалку 40 отсто од воената опрема што ја набавуваат, а до 2030 година 35 отсто од приходот на воената индустрија да доаѓа од продажба во рамките на ЕУ.

Досега ЕУ имаше цел да произведува еден милион артилериски гранати годишно, но произведува само околу половина од тоа количество.

Сега има најави дека до крајот на декември производството би можело да достигне и да остане на 1,4 милиони гранати годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ