петок, 13 декември 2024

ЕУ-песимизам: 30 отсто од хрватските домаќинства очекуваат помалку пари од лани

Објавено на

часот

Сподели

Според најновите истражувања, домаќинствата во Хрватска и понатаму не очекуваат подобрување на животните услови во следната година, а дури 47 отсто од анкетираните се во полоша финансиска ситуација од лани.
Околу 7 отсто од домаќинствата се во нешто подобра ситуација од минатата година, а 46 отсто сметаа дека останале на исто.
Во следната година околу 12 отсто од домаќинствата се надеваат дека финансиската ситуација ќе биде барем малку подобра. Околу 50 отсто сметаат дека финансиската ситуација ќе им остане иста, но третина од домаќинствата проценува дека ќе им биде уште полошо. Поголем дел Хрвати очекуваат пораст на цените.
Споредбата со неколку транзициски земји во ЕУ покажува дека речиси идентични оценки дале и граѓаните на Чешка, додека во Полска околу 14 отсто од граѓаните сметаат дека лани им било подобро, 46 сметаат дека се на исто ниво, а 39 отсто сметаат дека сепак им е подобро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ