сабота, 27 јули 2024

ЕУ отвори истрага за кинеска понуда за возови за Бугарија, Кинезите се повлекле

Кинескиот произведувач на возови ЦРРЦ Чингдао Сифанг локомотив се повлече од јавниот тендер во Бугарија по одлуката на Европската комисија за отворање истрага за можни непрописни субвенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бугарија со тендерот планира да набави 20 електрични возови за 1,2 милијарди бугарски левови (610 милиони евра), со нивно одржува во текот на 15 години.

Кинеската компанија се пријавила на тендерот со понуда вредна 600 милиони евра, двојно поповолна од шпанскиот конкурент Талга.

Поради тоа Брисел кон средината на февруари отворил истрага, искористувајќи ги за прв пат новите овластувања за да утврди дали поволната понуда на кинеската компанија е резултат на државни субвенции.

Според новите правила, компаниите мора на тендери вредни повеќе од 250 милиони евра да пријават податоци за субвенции, а Комисијата може да отвори истрага ако се сомнева дека не ја исполниле обврската и да ги исклучи од тендерот.

ЦРРЦ вчера ја повлекол понудата за набавка на возови, а Европската комисија заклучи дека „првата истрага, заснована на прописот за странски субвенции, вроди со плод во рок од само неколку недели“, според комесарот за внатрешниот пазар Тјери Бретон.

„Пазарот на Европската Унија е отворен за компаниите кои се навистина конкурентни и играат чесно“, истакна Бретон.

Кинеската бизнис заедница во Европа изрази „длабока загриженост“ поради ваквиот исход.

„Ја разбираме одлуката на кинеската компанија, но клучно е да се истакне дека сагата се надоврзува на доказите кои упатуваат на заклучок дека ЕУ може да го користи прописот како нова алатка за одвраќање странски компании, присилувајќи ги на повлекување“, се наведува во соопштението на Кинеската стопанска комора во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ