сабота, 27 јули 2024

ЕУ одобри профитот од замрзнатиот руски имот да се користи за Украина

Советот на Европската Унија одобри резолуција која овозможува профитот од замрзнатиот руски имот како последица на рестриктивните мерки на ЕУ да се искористи за Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Советот денес усвои одлука и указ со кои се објаснуваат обврските на Централните регистри на хартии од вредност (ЦСД) кои ги држат средствата и резервите на Централната банка на Русија кои се замрзнати како последица на рестриктивните мерки на ЕУ“, се наведува во соопштението објавено на сајтот на ЕУ.

ЕУ, во координација со меѓународните партнери по почетокот на војната во Украина, одлучи да ги забрани сите трансакции поврзани со управување со резервите, како и имотот на Руската централна банка. Како резултат на забраната, релевантниот имот кој го држат финансиските институции во земјите членки на ЕУ е „имобилизиран“.

„Централните регистри кои поседуваат повеќе од милион евра средства на Руската централна банка мора одвоено да пресметуваат вонредни готовински биланси кои се акумулираат поради рестриктивните мерки на ЕУ и мораат одвоено да ги чуваат соодветните приходи“, се наведува во соопштението.

На централните регистри ќе им биде забрането да располагаат со настанатата нето добивка а секој централен депозитар може да бара од својот надзорен орган да одобри ослободување на дел од таа нето добивка со цел усогласување со статутарниот капитал и ризикот.

„Оваа одлука му овозможува на Советот да одлучи за можно утврдување на финансискиот придонес во буџетот на ЕУ собран од овие нето добивки за поддршка на Украина и нејзината реконструкција во подоцнежна фаза“, се наведува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ