сабота, 27 јули 2024

ЕУ: Мораме да произведуваме повеќе антибиотици, ни се заканува недостиг

Објавено на

часот

Сподели

Заклучокот е заснован на податоците за понудата и потрошувачката на амоксицилинот, пеницилинот 5, азитромицинот, кларитромицинот, цефтријаксонот, цефотаксимот и пиперацилин-тазобактамот. Европската агенција за лекови (ЕМА) и Агенцијата за спремност и реакција во здравствена криза (ХЕРА) ќе продолжат истовремено да соработуваат со надлежните тела на јакнење на мерките со кои би се засилило снабдувањето со група интравенозни антибиотици, се додава.

„Клучно е веднаш да преземеме мерки за да се подготвиме за зимата и да спречиме евентуален недостиг од антибиотски лекови“, кажа комесарката за здравство на ЕУ Стела Киријакидес. Навремени мерки пред почетокот на есента ќе им обезбедат на фармацевтските компании доволно време за зголемување на капацитетите и за покривање на побарувачката, се истакнува.

Приоритет се антибиотиците кои се користат за лекување респираторни инфекции, се наведува во соопштението. Со поголемо производство и порационално трошење, Комисијата на членките им сугерира во соработка со компаниите да ја следат побарувачката и залихите на клучните антибиотици. Се изработува и листа на лекови, чија прва верзија треба да биде објавена до крајот на годината.

Европската агенција за лекови ќе ја следи достапноста на лековите и во идните месеци за навремено да открие недостиг кој би можел да предизвика криза во снабдувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ