сабота, 27 јули 2024

ЕУ: Косово го загрозува европскиот пат ако не ја формира Заедницата на српски општини

Портпаролот на Европската Унија Петер Стано кажа денес дека Косово мора итно да ја спроведе повеќегодишната обврска за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и предупреди дека ќе се соочи со последици на патот кон ЕУ ако не го направи тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оцени дека формирањето на ЗСО е обврска за Косово и дека „тоа повеќе пати го повтори Европската Унија на највисоко ниво и на европските лидери“.

Белград и Приштина го потпишаа договорот за ЗСО во 2013 година, а потоа во 2015 за принципите на нејзиното формирање.

Меѓутоа, уставниот суд на Косово во 2015 година утврди дека договорот не е во целосна согласност со уставот.

Меѓународната заедница на крајот на минатата година на страните им претстави нацрт статут на ЗСО. Двете страни првично кажаа дека тоа го прифаќаат во принцип, но не преземаа никакви чекори.

На 19 март премиерот на Косово Аљбин Курти кажа дека не го прифаќа овој нацрт статут.

Стано истакна дека формирањето на ЗСО е поврзано со напредокот на Косово да стане дел од ЕУ.

„Доколку Косово не биде во состојба да пружи резултати во оваа насока, тогаш тоа нема да биде видено како позитивен сигнал – дека сака да тргне кон нормализација на односите со Србија, што е сега поврзано со напредокот на Косово на патот кон ЕУ“, додаде тој.

Европската Унија, Соединетите Американски Држави и Британија инсистираат дека Косово е обврзано да ја формира Заедницата на српски општини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ