сабота, 21 декември 2024

ЕУ ќе ѝ даде на Украина заем од 35 милијарди евра, финансиран со продажбата на руски имот

Земјите од Европската Унија соопштија дека се согласиле на Украина да ѝ дадат заем во вредност од 35 милијарди евра, финансиран од профитот добиен од продажбата на руските средства запленети во Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Советот на ЕУ, тело што ги претставува земјите-членки, „постигна договор за обезбедување финансиска помош за Украина“, се наведува во соопштението.

Заемот во износ до 35 милијарди евра мора да го одобри Европскиот парламент, но 27 земји од ЕУ пристапија кон забрзана процедура, која треба да ги овозможи првите исплати уште во почетокот на 2025 година.

Руските средства во вредност од повеќе од 200 милијарди евра се замрзнати во ЕУ откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, окупирајќи околу 17 отсто од нејзината територија.

Околу 90 отсто од замрзнатите средства се во Белгија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ