Задача на комисијата ќе биде поцелосно да се опфати темата на интерес, односно толкувањето на историските настани, да ја зголеми соработката на академско ниво и да го подобри ставот што младината го има кон своите соседи, објаснуваат од ЕП.
Сето ова е резултат на барањето на бугарскиот министер во Европскиот парламент, Евгениј Кирилов, кому му текнало дека треба да се направи здружена комисија. Предлогот на Кирилов бил дел од амандманот на нацрт-резолуцијата за напредокот на Македонија што денес беше дадена на разгледување пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.
Македонија во неколку наврати се обиде да „украде“ клучни моменти од бугарската историја, вели „Новините“. Во 2011 македонската влада им дигна споменици на средновековниот бугарски владетел Самуил и други историски фигури активни во регионот во обид да се претстави она што земјата го смета за сопствено „историско наследство“.