сабота, 27 јули 2024

ЕУ ќе го интензивира производството на муниција

Објавено на

часот

Сподели

Според договорената регулатива АСАП, станува збор за копнена артилериска муниција и за проектили, а целта е во согласност со одлуката на Советот од март годинава да се унапреди европското производство на муниција во корист како на Украина, така и на европските земји.

„Благодарение на денешниот рекордно брз договор за Законот за поттикнување на производството на муниција (АСАП), Европа ќе го зајакне и забрза сопственото производство на муниција и проектили. Тоа е уште еден доказ на непоколебливата посветеност на ЕУ да ѝ помогне на Украина, да ги зајакне технолошките и индустриските темели на одбраната на ЕУ, и да обезбеди долгорочна безбедност и одбрана на граѓаните на ЕУ“, изјави Маргарита Роблес, министерка за одбрана на Шпанија, која на 1 јули го презема претседавањето со ЕУ од Шведска.

Договорената регулатива ќе ѝ овозможи на ЕУ финансиски да го поддржи јакнењето на капацитетите, и тоа преку неповратни заеми или други мерки кои ѝ помагаат на европската одбранбена индустрија и кои ги отстрануваат тесните грла во производството.

Истовремено, мерките ќе им го олеснат на претпријатијата од тој сектор на одбраната пристапот до средствата на ЕУ, како и на приватниот капитал, и така ќе се забрзаат неопходните инвестиции и ќе се зголемат капацитетите.

По прелиминарниот договор, тој по правната проверка и редакција треба формално да го усвојат и Советот и парламентот, а се очекува да биде потпишан и да стапи на сила на крајот на јули.

ЕУ во 2022, по анализата на ситуацијата во одбраната, соопшти дека долготрајното недоволно вложување во одбраната резултирало со сериозни недостатоци и во капацитетите, и во индустриското производство.

По почетокот на конфликтот во Украина, европските одбранбени структури се соочија со уште поголеми предизвици, откако ЕУ и земјите членки почнаа да го помагаат Киев со воена опрема.

Во овој момент втор по големи донатор на воена помош на Украина е Германија, која својата ветена воена помош ја крена на 7,5 милијарди евра. На првото, неприкосновено место се САД со ветена помош која надминува 42 милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ