сабота, 27 јули 2024

ЕУ ја објави вредноста на замрзнатиот руски имот

Објавено на

часот

Сподели

„Европската комисија ја разгледува можноста за користење на средствата од рускиот имот во вредност од 207 милијарди евра, кој е замрзнат во Европа, вклучувајќи го имотот на Централната банка на Русија, за финансирање на обновата на Украина“, кажа Рејндерс.

Според него, Европската комисија очекува на овој начин да добива до три милијарди евра годишно од камати. Повеќе од половина од тој имот е наводно во готовина и депозити, додека „значителен износ“ е во хартии од вредност.

Во мај Европската комисија објави дека од избивањето на конфликтот земјите на ЕУ замрзнале имот на Централната банка на Русија вреден над 200 милијарди евра. Замрзнат е и имот во сопственост на граѓани на Русија и компании под санкции, проценет на 24,1 милијарда евра.

Блумберг во јуни објави дека лидерите на ЕУ го поддржале планот за воведување данок на екстрапрофитот од замрзнатиот имот на Централната банка на Русија, со цел обнова на разурнатата од војна Украина.

Русија во повеќе наврати истакна дека секоја заплена на нејзин имот од страна на западните влади го смета за кражба и незаконски чин според меѓународното право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ