четврток, 26 декември 2024

ЕУ и Бугарија ги прифатија аргументите на македонскиот министер Николоски за Коридорот 8

Заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, Бугарија да го заврши својот дел од пругата и да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект. Ова било договорено на вчерашната средба на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија за железничкото поврзување на двете земји. Ова се аргументите со кои македонскиот министер за транспорт Александар Николоски уште од самиот почеток на неговиот мандат укажуваше за проблемите со изградбата на Коридорот 8.

 

Објавено на

часот

Сподели

По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач.

На состанокот, од македонската страна предводена од државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски и директорот на Железница инфраструктура Синиша Ивановски, беше истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.

На состанокот од двете страни беше прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка – Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна со интенција истата да се намали.

Двете делагции, исто така се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници инфраструктура.

На состанокот беше договорено двете земји да формираат работни групи со цел да се подготви потребната документација за тунелот.

За време на состанокот, страните разменија информации, временски рамка за изградба, а споделија и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на Коридорот 8, а посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел Деве Баир.

Страните, исто така се договорија постигнатите договори да ги презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ.

Ова беше заклучено на состанокот во Софија помеѓу македонската и бугарската делегација, а во однос на преговорите за железничко поврзување меѓу двете земји со посредство на Европската Унија, се вели во соопштението на Министерството за транспорт.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ