сабота, 27 јули 2024

ЕУ го зголемува производството на муниција за да ѝ помогне на Украина

Објавено на

часот

Сподели

Според планот кој Европската комисија ќе го претстави во среда, 10 мај, ЕУ би им давала субвенции на европските компании за производство на оружје, за инвестиции кои го зголемуваат производството на оружје и проектили.

„Кога станува збор за одбраната, нашата индустрија сега мора да се префрли на начинот на воената економија“, кажа Тиери Бретон, комесар за внатрешниот пазар на ЕУ.

Бретон кажа дека ЕУ има значителна индустриска база за производство на муниција, но дека е потребна ревитализација за да ги задоволи безбедносните потреби на Украина, како и на државите членки на ЕУ.

„Можеме и мораме да ја ревитализираме за да ја прилагодиме на потребите на конфликтот со висок интензитет“, кажа Бретон.

На планот му треба одобрување од владите во ЕУ и од Европскиот парламент.

Станува збор за продолжување на напорите на ЕУ да достави поголеми количества муниција и оружје, особено артилериски гранати од 155 милиметри, кои ги бара Киев.

Како дел од обидите на Украина да ѝ се испорачаат милион гранати во рок од 12 месеци, ЕУ веќе се согласи да издвои милијарда евра за муницијата и проектилите кои нејзините членки ги испраќаат во Украина.

Речиси 15 месеци од почетокот на руската инвазија на Украина, западните одбранбени и разузнавачки структури проценуваат дека Русија претрпела 200.000 загинати или ранети војници.

Тешко е да се дојде до украинските бројки, но според протечените документи на Пентагон, како и анонимни западни функционери, се шпекулира со бројки од 150.000 до 300.000 убиени или ранети украински борци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ