среда, 23 октомври 2024

ЕУ ги критикува тврдењата за разузнавачка соработка на Белград и Москва

Европската Унија ѝ порача на Србија дека одржувањето на врски со Русија во време на агресија на Украина не е компатибилно со вредностите на Унијата и процесот на придружување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Реакцијата на Брисел следи по состанокот на потпретседателот на владата на Србија Александар Вулин со функционери на Кремљ за време на тридневната посета на Москва и тврдењата за разузнавачка соработка со Русија.

„Европската Унија беше кристално јасна со нашите партнери: односите со Русија не може да бидат вообичаени по непредизвиканата и неоправдана агресорска војна на Русија против Украина“, се истакнува во соопштението.

Од Брисел порачуваат и дека ЕУ сака да може да смета на сите држави кандидати како на сигурни европски партнери во заедничките принципи, вредности, безбедноста и просперитетот.

Вулин пред два дена му се заблагодари на секретарот на Советот за безбедност на Русија Сергеј Шојгу за предупредувањето до раководството на Србија за „подготовка на масовни немири и обид за државен преврат“.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави на 9 август дека „добил информации од официјални канали од Русија за она за што медиумите претходно пишувале – дека во Србија се подготвуваат масовни немири со цел државен удар“.

Вучиќ тоа го изјави пред протестите против ископувањето литиум во Белград откако тие во изминатите недели беа одржани низ цела Србија.

Владата на Србија и Безбедносно-информативната агенција (БИА) не одговориле на прашањата какви информации доставиле руските служби на Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ