сабота, 27 јули 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

ЕУ, еби се!

Во Словенија, во францускиот мегамаркет, купувам француски сирења, вино и шампањско. Во Италија купувам kilogram pena за деведесет центи, во Виена одам на изложба на Ботер и Магрит, во Нант бев на собир на европските писатели.

Сум била во Билбао, Берлин, Фиренца… Во годината што е зад мене. Сето тоа мене ми го дадоа моите книги. Разговарав со тамошните луѓе, тоа според мене беа „мали луѓе“, на секоја можна тема ми лелекаа.

Или живеат со родителите или од родителите. Еден мој познаник во Лондон на контролен преглед кај кардиолог мора да чека подолго отколку мојот сограѓанин од Риека. Државните училишта им се во хаос, луѓето се делат на лудо богати што живеат во своите елитни чувани квартови, и на бедници што не знаат дали идната година ќе ја дочекаат во дупката во која моментално живеат.

Бескуќници и просјаци на секој агол. Јавните болници се вистински хорор, а старците во Италија во таканаречените државни домови јадат стаорци. Ниту тоа повеќе не е вест. Приватни домови за своите родители можат да плаќаат само најбогатите, а оние што се помалку богати плаќаат евтини Украинки за на старците да им ги менуваат усраните пелени и да им буткаат кашички во уста.

„ЕУ гаќички“, уметничка инсталација на Тања Остоиќ, создадена како иронична сугестија дека странските жени се добредојдени во Европа само кога ќе ја соблечат долната облека.

Речиси сите тие работат на црно, дваесет и четири часа, за никакви пари. За европските политичари знам и повеќе отколку што ме интересира. Берлускони е криминалец, педофил и расист. Саркози е злосторник здружен со Америте и воопшто не му беше проблем да испрати француски авиони во Либија за да „воведат ред“, а француските криминалци од неа да извлечат нафта.

Неговото протерување на романските „Цигани“ онаму од каде што дошле медиумите не го проследија со голема врева. Тамошните новинари немаат време за теми од животот и за анализа на личноста на нацистчето Саркози, зашто мораат да „истражуваат“, по секоја цена, дали принцот Чарлс е педер.

Не толку одамна читавме што им се случува веќе со години на „Европејците“ Полјаци што дошле во Лондон да бараат работа. Беа третирани како робови, голи и боси живееја во шатори, цркнуваа од глад и од безнадеж зашто не можеа да соберат пари за враќање во татковината. Им помагаа исто гладните лондонци.

Повеќето умираа покрај контејнери, оние што преживеаја и останаа работат кај некоја бараба во јалова надеж дека ќе дојде денот кога ќе можат дома да се испратат или себеси или педесет фунти.

Знаеме многу и за сексуалниот живот на европските политичари. Берлускони гол покрај својот базен, Тополанек, бившиот претседател на Чешка, со курот во полна ерекција гол покрај истиот базен гледа како во водата се брчкаат малолетни курвички додека дедовциве не ги повикаат на суво.

Судовите. Само Италијанците знаат колку се чека правдата во нивната европска земја. Корупцијата во Европската Унија не само што цвета, таа ја закова целата Унија. Банките прават што сакаат, преку ноќ се уриваат цели земји, треба ли да ги набројувам?

Грција, Ирска, Португалија, Шпанија, Италија… Државите ги сервисираат мафијашите, а го обвинуваат народот за мрзеливост и му ветуваат „стегање на ременот“ зашто тој е виновен за сѐ што му се случува. Мрзеливото ѓубре што сака работа, сака лекар, школување на детето и право на живот достоен за човечко суштество.

И ете, во таква Европа јас би требало весело да тргнам зашто без неа ми нема живот. Но таа и таквата Европа уште од војната, се разбира и пред оваа војна, ми го одредува секој момент во животот. Не сум задоволна од оваа „Европа“ што ми е во дворот. Нималку.

Моите деца веќе живеат „европски живот“, јас ќе цркнам во дом во каков што ќе цркнат и моите европски врсници. Ако ми даде Бог здравје, и мене ќе ме грицкаат стаорци. Зошто тие да не бидат хрватски онолку колку што што било денес во Хрватска може да биде „хрватско“?

Ведрана Рудан

Дали тие послабо ќе гризат ако се „европски“? Не, јас нема да гласам за влегување во таа ваша Европа. Ги разбирам Пусиќка и другите пусиќи и пусиќки што сакаат во Европскиот парламент. Таму и преку моите плеќи ќе млатат по петнаесетина илјади евра месечно плус шофери, бескрајно дрдорење, пријатни патувања, кезење на европските екрани, анализирање на „народот“, кој не ја сфаќа „тешката состојба“…

Како и да е, драги луѓе, курвата Хрватска ќе влезе во европскиот бордел без мојот благослов.

 


КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ