Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на утрешниот ден.
Претходно, Европската комисија информира дека ЕУ е подготвена да ѝ помогне на земјава преку нејзиниот Механизам за цивилна заштита, доколку таа го побара тоа.
Претходно, поранешниот министер за здравство на Романија и актуелен пратеник во ЕУ Парламентот Влад Воичулеску, на социјалните мрежи напиша дека Македонија мора да побара европска помош за жртвите со изгореници!
„Ниту една земја во ЕУ – ниту една земја во светот – не може сама да се справи со толку голем број жртви со тешки изгореници. Северна Македонија учествува во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (UCPM) и може да побара помош во случаи на големи катастрофи. Ова е токму таква ситуација.
Македонските власти мора итно да поднесат официјално барање за помош за жртвите да добијат специјализиран третман во најдобрите европски центри за изгореници.
Сигурен сум дека комесарката Хаџа Лахбиб веќе е вклучена и дека европските институции како што се Центарот за координација на итни одговори (ERCC), Генералниот директорат за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) и Европската комисија за подготвеност и одговор на здравствени итни случаи (HERA) веќе ги преземаат првите чекори за да помогнат. Но без официјално барање од Северна Македонија, се губи драгоцено време – време што може да спаси животи“.
Изрази на сочувство, солидарност и тага поради трагедијата изразија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарките за проширување и за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент, Марта Кос и Хаџа Лабиб.
Најмалку 59 лица загинаа, а 155 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани.