среда, 19 март 2025

ЕУ денеска објавува план за соочување со Русија

Се очекува Европската комисија денеска да претстави конкретен план до земјите-членки на ЕУ за тоа како, според нејзиното мислење, треба да се спротивстават на актуелните закани од Русија и другите агресивни актери, се вели во нацрт-документот во кој увид имаше германската новинска агенција дпа.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во нацртот на таканаречената бела книга за иднината на европската одбрана, Комисијата истакнува седум приоритетни области каде што треба да се решат празнините во воените капацитети.

Областите вклучуваат воздушна и ракетна одбрана, системи за беспилотни летала и електронско војување. Текстот тврди дека Европа мора да биде подготвена за војна ако сака да ја избегне.

Во нацрт-документот се вели дека Русија неповратно е на пат да стане воена економија и дека ја продолжува војната со Украина додека истовремено се подготвува за идни конфликти со европските демократии.

Комисијата веќе најави дека ќе собере 800 милијарди евра за проекти за повторно вооружување, што вклучува нов фонд од 150 милијарди евра и привремено ослободување на одредени одбранбени инвестиции од строгите ограничувања на блокот врзани за долг и дефицит.

Нацртот, исто така, предупредува на зависноста од САД, но не толку директно како што замислија европската министерка за надворешни работи Каја Калас и комесарот за одбрана Андриус ​​Кубилиус.

Поексплицитните делови од текстот за САД, кои беа дел од претходниот нацрт документ, нема да бидат вклучени во финалната верзија по интервенција на членови на Комисијата, дознава дпа. Претходниот нацрт на белата книга предупреди дека САД потенцијално би можеле да одлучат да ја ограничат или дури и оневозможат достапноста на клучни компоненти за воени операции.

Единствениот начин да се надмине таквата зависност е да се развијат потребните способности преку заеднички европски одбранбени проекти, се наведува во нацртот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ