За предлогот гласаа 34 члена на одборот, седум беа против, а 12 воздржани. За предлогот уште ќе се гласа на пленарна седница на Европскиот парламент во втората половина од овој месец. Потоа одлуката треба да ја потврди Советот на ЕУ и се очекува да стапи на сила пред почетокот на летото.
Граѓаните на Косово со пасоши кои ги издаваат приштинските власти можат да патуваат во ЕУ без визи од 1 јануари оваа година. Меѓутоа, тоа не важеше за оние со пасоши издадени од Координациската управа на Србија на граѓаните на Косово од српска националност.
Со укинувањето на ова изземање сите на Западен Балкан ќе имаат безвизен режим со Европската Унија.