сабота, 19 октомври 2024

ЕУ бара од Косово доволно долга транзиција за укинувањето на динарот за да не им се искомплицира животот на косовските Срби

Европската Унија побара од Косово да обезбеди доволно долг период на транзиција и да најде решение за укинувањето на динарот во рамки на дијалогот за нормализација на односите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Краткиот преоден рок за примена на уредбата, во комбинација со недостигот од информации и практични решенија за сите погодени заедници, ризикува сериозно да им ги закомплицира животите на косовските Срби“, се оценува во соопштението кое го издаде портпаролот на ЕУ.

На Косово денес, 1 февруари, стапува на сила уредбата на централната банка на Косово со која е предвидено за плаќања да се користат само евра, со што е завршена употребата на српскиот динар.

Западот побара од Косово да го одложи спроведувањето на оваа одлука, со објаснување дека постои загриженост дека би можела да има негативно влијание на косовските Срби.

Владата на Косово соопшти дека примената на уредбата за готовинско работење ќе се одвива преку лесна транзиција.

Одлуката ја засили загриженоста на Србите на Косово, кои платите и пензиите од Србија ги примаат во динари, но и ја користат оваа валута за купување и продажба.

Во соопштението на портпаролот на ЕУ се признава дека уредбата има цел да ја унапреди транспарентноста на финансиските текови, да обезбеди финансиска стабилност и да ја засили борбата против перењето пари и фалсификувањето. Се додава меѓутоа дека уредбата ќе влијае на финансиската поддршка која косовските Срби ја добиваат од Србија.

„ЕУ е загрижена поради последиците кои оваа одлука би можела да ги има врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово поради отсуството од претходни консултации, особено нејзиното влијание на школите и болниците, имајќи го предвид очигледното отсуство на алтернативи во овој момент“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ