сабота, 27 јули 2024

Ете шанса: Шведска мисли дека Македонија е само Кире Лазаров

Објавено на

часот

Сподели

Швеѓаните се фаворити, но ние ќе изгинеме на терен“, вели Влатко Темелков

„Македонија е големиот Киро Лазаров. Тој е играч од највисок ков. Постигна 92 гола, најмногу во историјата на мундијалите. Ќе мора да се најде начин за да се сопре големиот стрелец. Тој сега е член на Атлетико Мадрид, еден од носителите на нивната игра во нападот, а во Македонија е ракометен бог. Јасно е дека сè ќе оди преку него. Секој напад, секоја топка, прво ќе оди во рацете на Киро Лазаров. А кога тој ќе „испали“ кон голот, тогаш нема спас. Значи, треба да се сопре пред да упати удар. Тоа е главната цел што ќе мора да ја реализираат шведските ракометари“, вели Мартин Јонсон, шведски ракометен експерт.

Тука е нашата шанса. Јонсон не знае дека и Мојсоски има барут во раката, дека на Борко и Диви им растат „по сто раце“, дека Миркуловски има одраз како Џордан, дека Алушовски е стар, ама со него е исто како и со виното…

„Шведска ќе победи со 4-5 гола разлика. Тоа е реалната разлика во квалитет во корист на Шведска, се разбира, доколку не се случат некои непредвидени работи. А во спортот многу често се случуваат непредвидени работи“, вели Јонсон.

Веројатно тој знае дека Македонија е специјалист за непредвидливи работи. Сега, бидејќи играме на „домашен терен“, Швеѓаните нека му ја мислат. Ние нема што да загубиме, а можеме многу да добиеме.

„Мотивирани сме на највисоко ниво, Швеѓаните се фаворити, но ние ќе изгинеме на терен“, вели десното крило Влатко Темелков.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ