недела, 19 мај 2024

Естонија забрани руски симболи за Денот на победата 9 мај

Естонската полиција забрани јавни собири со употреба на забранети симболи или изразување поддршка на Руската Федерација на 9 мај, кога во Русија се прославува Денот на победата во Втората светска војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува естонскиот јавен сервис ЕПП, полицијата нема да дозволи јавни собири ако постои верување дека на собирот ќе бидат истакнати симболи на Русија и со тоа ќе се поттикнат немири.

„Полицијата не забранува комеморација на мртвите, но забранета е поддршка на агресијата. Поради тоа се забранети собирања на луѓе кои користат забранети симболи или изразуваат поддршка на воените злосторства на Русија“, соопшти началникот на управата на градот Нарва, Индрек Пуви.

Полицијата на 9 мај ќе биде присутна на воените гробишта во Талин, а припадници на безбедносните сили на естонската престолнина порачаа дека споменот на настраданите треба да се „одвива мирно, достоинствено и со почит“.

Ги повикаа граѓаните да не носат знамиња или симболи со кои се изразува поддршка на Русија, како георгиевската лента, и буквите „Z“ и „V“, кои станаа симболи на руските сили во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ