сабота, 27 јули 2024

Естонија размислува да затвори уште еден граничен премин со Русија ноќе

Естонската влада размислува да го затвори граничниот премин Коидула со Русија ноќе, како што беше направено во Нарва, изјави вчера естонскиот министер за финансии Март Воклаев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Постојат две причини за ова. Прво, тоа ќе значи подетално следење на санкциите. Транспортниот протек е намален и границата со Русија не треба да биде отворена во текот на ноќта. Второ, ќе се заштедат пари“, изјави тој за државната радио станица ЕРР.

Сепак, според радиостаницата, затворањето на граничниот премин во текот на ноќта може да предизвика негативни економски последици за околните населени места, јави ТАСС.

ЕРР претходно извести дека според владината одлука, преминот во Нарва ќе работи од 7 до 23 часот навечер, додека премините Коидула и Лухама ќе останат отворени 24 часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ