петок, 26 јули 2024

ЕСС: Минималната плата за 2024 година ќе изнесува  22.567 денари

Минималната плата за 2024 година ќе изнесува  22.567 денари во нето износ и бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ во однос на минималната плата за 2023 година, е утврдено на денешната втора седница на Економско социјалниот совет (ЕСС).

Објавено на

часот

Сподели

На седницата на ЕСС, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се разгледуваа повеќе точки меѓу кои утврдување на висината на минималната плата,  имплементацијата на работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година, Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година и Информација за учество на Меѓународната конференција на трудот во Женева во јуни 2024 година.

„По однос на минималната плата, согласно Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со 50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика“, велат од МТСП.

Порастот по основ на просечно исплатената нето плата, додаваат, е 14,9 отсто според соопштението од 22 февруари 2024 година на Државниот завод за статистика, а порастот на индексот на трошоците на живот изнесува 9,4 отсто според податоци на Државниот завод за статистика објавени со соопштение од 9 јануари 2024 година.

Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година, како што велат, содржи број на инспекциски надзори од областа на работните односи и безбедноста и здравје при работа, број на инспекциски мерки, број на контролни инспекциски надзори, број на поднесени прекршочни барања за сторителите на прекршокот и исходот од прекршочните барања кои се евидентира од страна на Државниот инспекторат за труд.

„Во врска со работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година изготвени се 10 занимања според предвидениот работен план за преглед на занимања за периодот 2022 – 2026 година и изработката на занимањата оди согласно предвидената методологија“, посочуваат од МТСП

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ