Актуелниот договор на Еспиња со Вардар истекуваше по крајот на оваа сезона, но клубот ја искористи клаузулата во договорот за продолжување на уште две години.
„Со искуството што го поседува Еспиња ги потврди квалитетите, и во иднина повторно ќе биде еден од столбовите во клубот. Вардар продолжува со договарање на играчи кои ќе донесат дополнителен квалитет во тимот, и ќе работат на исполнување на клупските цели“, соопшти Вардар.
Во редовите на Вардар Еспиња пристигна летово и минутажата во Вардар ја дели со Васил Гогов.
Претхофно Вардар го продолжи договорот и со Украинецот, Хориха.