„Свесни сме дека ваквата одлука следи благодарение на тоа што во државата има достоинствени судии кои ја сакаат правдата и покрај огромниот притисок од власта. И како резултат на острата реакција на меѓународниот фактор, но и реакцијата на албанската опозиција.
Европскиот сојуз за промени им се заблагодарува на сите дипломатски претставници во нашата земја, кои јавно реагираа против барањето за разрешување на шефицата на Судскиот совет, Беса Адеми, но и на нивната заложба правдата да надвладее во Северна Македонија.
Денеска не успеаја само партиите од власта, нивните судии и оние функционери кои континуирано бараат да го вратат Груевски во Северна Македонија, застарувајќи ги неговите случаи и непрестајно работејќи за спас на Сашо Мијалков“, се вели во реакцијата на опозицискиот Европски сојуз за промени.