„Да не беше Дрин Ахмети внук на капо или, лидерот на Демократската унија за интеграција, каде ќе беше денеска тој? Како тоа се случи едно младо момче, како Дрин Ахмети, да биде над законот?! Кој е тој судија што измислил други одредби за членовите на семејството на Али Ахмети, кои не важат подеднакво и за другите
граѓани?! Така, додека другите Албанци, честопати и сосема невини, скапуват во затворите, членовите на семејството на Али Ахмети се сѐ побесни, го кршат законот и не се секираат воопшто заради тоа“, изјавија од опозициската коалиција.
Според Европскиот сојуз за промени, факт е дека криминалот и злоупотребата на правдата од страна на ДУИ добија вознемирувачки размери, кои не само што ја загрозуваат европската перспектива на државата, туку, како што беше нагласено, веќе станале опасни и по животот на нашите граѓани.
„Затоа, испраќањето на семејството Ахмети во опозиција се претвори во спасувачка мисија за Албанците, за државата и за сите граѓани“, кажаа од коалицијата.
Како што е познато, непосредно пред Нова година, Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети и формален сопственик на TЦ Соравија во Скопје, е фатен со пиротехнички средства. Европскиот сојуз за промени нагласува дека според Кривичниот законик, за такво дело предвидува казна затвор до 10 години.